Запалено е службеното возило на македонскиот конзулат во Солун. Во веста која ја објави грчката агенција АНА-МПА се наведува дека грчката полиција веќе го истражува подметнување пожар на автомобилот.
Според информациите, сторителите го полиле автомобилот со запалива материја и го запалиле. Причинета е материјална штета на задниот дел од автомобилот.
Инцидентот се случил околу 5.30 часот наутро.