Регион 14. септември 2018. / 14:10

Автобус со ученици се судри со камион, возачот загина

Автобус со ученици се судри со камион, возачот загина

Автобус со средношколци од БиХ се судри во петокот наутро со камион во Италија, при што загина еден од возачите на автобусот, додека најмалку 16 деца беа повредени.

 

Се работи за средношколци од Источно Сараево, кои се враќале од екскурзија во Шпанија. Во автобусот во моментот на несреќата имало 36 деца.

Несреќата се случи во близина на Бреша, при што еден од возачите на автобусот почина на самото место. Италијанските медиуми известуваат дека несреќата се случила на автопатот А21 Торино – Бреша, кој е затворен за сообраќај.