Дел од бугарските портали денеска објавија нова аудиоснимка на која се слуша гласот на премиерот Бојко Борисов. Некои од нив текстовите ги обележуваат само за возрасни над 18 години, заради вулгарностите што се слушаат на снимката.
Новата аудиоснимка ја објави порталот Афера, а се однесува на телефонски разговор на Борисов со извесен Томислав Дончев.
Неодамна, во неколку наврати медиумите објавија аудио и видео снимки од разговори на Борисов и од неговата спална соба во премиерската резиденција. На снимките можеше да се види дека во една од фиоките Борисов чувал банкноти од 500 евра, златни полуги, а на неа и пиштол.
По објавувањето на снимките, во Бугарија започнаа антивладини протести, што траат до ден денес, на кои граѓаните бараат оставка на кабинетот на Борисов и на специјалниот обвинител Иван Гешев.