Регион 08. август 2018. / 09:23

Атика се соочува со нов пожар – гори во Неа Макри

Атика се соочува со нов пожар – гори во Неа Макри

Од 6.40 часот утрово по локално време, грчката противпожарна служба, со девет пожарникари, три возила и еден хеликоптер го гаси шумскиот пожар што изби во населбата Неа Макри, во источниот дел на областа Атика, објави МИА.

Неа Макри се наоѓа многу блиску до населбите што беа зафатени од катастрофалните пожари на 23 јули, во кои животот го загуби 91 лице.

Sпоред картата за опасност од пожари што ја објави Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција, за денес, областа Атика, заедно со полуостровот Евија и островите Скирос, Лезбос, Хиос, Самос и Икарија се во портокалова боја, односно со многу висока опасност (четврта категорија) од појава на пожари.