Турција ќе продолжи со спроведување на „мерките во Сирија“ се додека не бидат отстранети сите закани по нејзината безбедност, изјави денеска турскиот министер за одбрана Нуретин Џаникли.
Тој нагласи дека турската армија ќе презема мерки во сирискиот реон Африн, од каде минатиот месец ги протера Силите за заштита на народот на сириските Курди, се додека „не бидат елиминирани сите терористички закани“.
Џиканли најави дека по надминување на терориситчките закани во Африн, Турција ќе и ја предаде контролата над регионот на централната влада на Сирија, што ќе биде формирана по идните избори.