Преку текст објавен на анархистички сајт, грчки анархисти презедоа одговорност за серијата палења возила и банкомати во текот на ноќта меѓу 20 и 21 јануари.
Во опширниот текст анархистите упатуваат критики и обвинувања до владата, при што велат дека со политиката што ја води сака да изгради свет заснован на експлоатација, потчинување, страв и апатија.
– Да застанеме пред нивните планови, секогаш фокусирани на револуционерниот случај, за еден свет без угнетувачи и угнетени, за општество на еднаквост, солидарност и правда – велат анархистите.
Тие ја преземаат одговорноста за пет напади во понеделникот и вторникот, во кои беа запалени автомобили пред претставништвото на „Мерцедес“, четири автомобили на компанијата за телекомуникации „ОТЕ“, еден камион на Министерството за животна средина на Грција, училишно комбе, како и два банкомати.