Регион 14. јануари 2021. / 11:39

Ана Бранбиќ ја прими втората доза од вакцината против коронавирус

Ана Бранбиќ ја прими втората доза од вакцината против коронавирус

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ ја прими денеска и втората доза од вакцината на Фајзер. При ревакцинацијата таа ги повика граѓаните масовно да се приајвуваат за вакцинацијата, пишува Спутник.рс.

-Верувам во вакцинацијата и во нашите институции. Ги повикувам граѓаните да се пријавуваат затоа што со заеднички сили можеме да победиме, напиша Брнабиќ на профилите на социјалните мрежи.

Ана Брнабиќ првата доза од вакцината ја прими на 24. декември со што стана првиот европски премиер што се вакцинирал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Brnabić (@anabrnabic)