Првите 50 сириски бегалци денеска пристигнаа во Ѓирокастро, а албанските власти ги почнаа подготовките за отворање шест прифатни центри со вкупен капацитет од 30.000 луѓе, пишува expres.
Бегалците, меѓу кои има и семејство од палестински мигранти, се сместени во прифатниот центар Герхот, два километра северно од Ѓирокастро.
Повеќето од пристигнатите бегалци се семејства со многу деца, кои влегле од Грција во петокот на граничниот премин Капштица во југоисточна Албанија.