Регион 06. декември 2019. / 20:43

Албанија официјално го презеде претседавањето со ОБСЕ за 2020 година, за Рама ова е историски чекор

Албанија официјално го презеде претседавањето со ОБСЕ за 2020 година, за Рама ова е историски чекор

Денеска и официјално Албанија го презеде претседавањето со ОБСЕ за 2020 година. Од Братислава, премиерот и воедно министер за Европа и надворешни работи Еди Рама, ова го оцени како историски чекор за неговата земја.

Тој додаде дека во прв ред голема е одговорноста да се предводи оваа меѓународна организација, но и извонредна можност да се направи Албанија да заблеска на чело на големата работа и посебните предизвици на ОБСЕ.

И покрај предизвикот, Рама изрази уверување дека ОБСЕ под водство на Албанија ќе биде успешна и ќе се заснова на дијалог, демократија и човекови права.

За Албанија ова е исторски момент. Нашата визија за раководењето со ОБСЕ ќе се заснова на три столба: Првиот, основните прашања за човековите права, како што се кредибилитетот, безбедноста, територијалниот интегритет и мирот во Европа. Второ, заштита на демократијата,како и работата на ОБСЕ ќе бидат тесно поврзани со народот. Третиот столб ќе се заснова на дијалогот, бидејќи се уште има потреба од градење доверба меѓу земјите – рече Рама.

Тој посочил дека корупцијата го поткопува просперитетот на целиот регион, заедно со други закани.

Ќе се бориме против корупцијата. Голема чест и одговорност е од прва рака да се предводи оваа меѓународна организација, како и огромна можност да се направи Албанија да заблеска на чело на големата работа и посебните предизвици на ОБСЕ – истакна Рама.

Албанија од буџетот за 2020 година за претседавањето со ОБСЕ издвојува четири милиони долари.

Во Братислава на втората средба на министрите на надворешни работи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), заедно со Рама, е и овластениот министер за Европа и надворешни работи, Гент Цакај.