Во Грција на островот Крф e уапсен државјанин на Албанија под сомнение дека силувал малолетничка.
Властите се сомневаат дека 32-годишниот Албанец силувал 14-годишна британска туристка, кој заедно со своето семејство престојувала во хотел каде тој бил вработен.
Тинејџерката тврди дека била силувана, додека осомничениот изјавил дека таа се согласила да имаат секс, објави агенцијата АНА.
Албанецот беше уапсен вчера и треба да се појави на суд во понеделник.
Полицијата соопшти дека тој работел во хотелот без потребната документација.