Полицијата употреби солзавец за да растера стотици Албанци кои вчера протестираа и запалија новогодишни елки во Тирана по смртта на 25-годишник, кој бил убиен од полицаец во време на полициски час, воведен за да се спречи ширењето на коронавирусот.
Клодијан Коши бил убиен во раните утрински часови во вторникот и полицијата потврди дека имало прекумерна употреба на сила и дека полицаецот кој пукал е уапсен. Полицијата во прв момент соопшти дека Коши не ги послушал наредбите на полицаецот да застане и дека носел оружје, за потоа да го демантира второто.
-Полицаецот не дејствувал согласно закон при употребата на огнено оружје, соопшти полицијата.
Демонстрантите кои бараа оставка од министерот за внатрешни работи фрлаа предмети врз зградата на министерството и запалија неколку новогодишни елки во градот, по што полицијата употреби солзавец.