Регион 06. јануари 2020. / 13:00

Албанците од Ѓаковица се разотидоа, бидејќи српските верници не дојдоа за Бадник

Албанците од Ѓаковица се разотидоа, бидејќи српските верници не дојдоа за Бадник

Албанци од Ѓаковица се собраа денеска пред православната црква во тоа место како би им оневозможиле на српските верници да дојдат на Бадник, но се разотидоа откако косовската полиција соопшти дека Срби нема да дојдат.

Како што пренесува КТВ, насобраните си заминале откако командантот на полицијата во Шаковица, Криста Ѓокај рече дека Срби нема да дојдат, бидејќи од нив не добиле никакво барање за посета.

Неколку невладини организации и граѓански здруженија на косовските Албанци организираа утрово во Ѓаковица протест против посетата на иселените Срби, со образложение дека многумина од наводните верници се поранешни припадници на српските полициски и паравоени единици кои извршиле злосторства врз цивилното население во војната во 1998-99 година.