Регион 09. јануари 2020. / 23:10

Актуелен пратеник и поранешен министер на Косово доби повик од Хаг

Актуелен пратеник и поранешен министер на Косово доби повик од Хаг

Поранешниот припадник на УЧК, актуелен пратеник и поранешен министер за животна средина на Косово, Ферат Шаља добил повик од Специјалното обвинителство во Хаг.

Шаља за повикот информираше преку социјалната мрежа Фејсбук, истакнувајќи дека ќе одоговори на повикот и оти на 5. февруари ќе биде во Хаг.

-Во целата своја патриотска активност никогаш не сум се почувствувал попочитуван од кога бев припадник на УЧК. Моето животно искуство ме водеше кон мојот народ и земја, напиша тој на Фејсбук.

Специјалното обвинителство во Хаг досега повика повеќе од 250 поранешни членови на УЧК, некои како осомничени, а некои како сведоци.