Регион

50 куќи и болница во Црна Гора уништени поради силно невреме (ФОТО)

50 куќи и болница во Црна Гора уништени поради силно невреме (ФОТО)

Силно невреме ја погоди Црна Гора. Властите велат дека силна бура на Јадранското крајбрежје оштетила десетици куќи и болница.

Исходот бил срушено покриви, паднати дрвја, превртени автомобили, оштетени кровови.

Невремето во саботата го зафати регионот на Бока Которска каде го однесе покривот на локалната болница, ги искрши прозорците и го уништи паркот.

Околу 50 куќи и згради биле оштетени во оваа област, додека силните ветришта исто така оштетиле два мали авиони кои биле паркирани на локалниот аеродром.