Регион 06. јануари 2019. / 18:48

40.000 Албанци бараат работа во Германија

40.000 Албанци бараат работа во Германија

Речиси 40.000 лица од Косово во моментов чекаат одговор од германската амбасада по барањата за добивање на работна виза, со цел да ја напуштат земјата, пишува порталот „Индекс онлајн“.

Бројот, според пишувањата, се однесува само на оние кои веќе обезбедиле работно место преку свои контакти, а многумина бараат начин да заминат но се уште не успеале да се снајдат.

Во моментов виза од германската амбасада чекаат лицата кои ги поднеле своите барања уште во 2017 година, пишува порталот и додава дека ваквиот одлив на работна сила е повеќе од загрижувачки.

Многумина сметаат дека ова се случува бидејќи Косово уште нема добиено визна либерализација, па жителите масовно трагаат по подобар живот во западните земји.