Регион 15. март 2020. / 22:28

Ќе се врши контрола на влез во грчките супермаркети, само по едно лице на десет метри квадратни

Ќе се врши контрола на влез во грчките супермаркети, само по едно лице на десет метри квадратни

За да се избегне и намали метежот кои во изминатите денови се забележуваат во грчките супермаркети, грчката влада воведува контроли на влезот, а во внатрешноста да има ограничување на бројот на муштерии, односно едно лице на десет метри квадратни.

Од понеделник ќе има контрола на влез. Сметаме дека ситуацијата ќе се врати во нормала оваа седмица. Во исто време, ќе ставиме и ограничување на бројот на луѓето што може да бидат во просторот, согласно со метрите квадратни на супермаркетите. Во редовите не треба да има над пет лица – најави заменик министерот за развој на Грција Никос Паптанасис.

Папатанасис им порача на граѓаните дека Храна има доволно, лекови има, а бензинските пумпи нема да затворат.

Тој објасни дека им се дава можност на сите ресторани да работат и со достава, а тоа можат да го сторат и супермаркетите, па дури и во недела кога продавниците се затворени.

Паралелно, владата донесе одлука за уште неколку превентивни мерки, меѓу кои и: едно лице на 10 метри квадратни во супермаркетите; секоја продавница на влезот и излезот да има алкохолна течност за дезинфекција на рацете на потрошувачите, вработените да носат ракавици; растојание од два метра меѓу муштериите на касите; избегнување на употреба на готовина при купувањето.