Македонија 07. ноември 2018. / 15:15

Журнал: Поради законот за УЧК, поранешни војници биле на средба кај Џафери

Журнал: Поради законот за УЧК, поранешни војници биле на средба кај Џафери

Поранешни војници на УЧК пред некој ден оствариле средба со претседателот на собранието Талат Џафери, кај што се разговарало за доставување на закон за поранешните војници, ветераните и семејствата на паднатите борци во собраниска процедура, дознава Журнал од извори во Македонскиот Парламент.

“Да, остварена е средба помеѓу претседателот на собранието Талат Џафери и поранешните борците на УЧК кои работат на изготвување и доставување на закон за поранешните војници на УЧК во парламентот”, велат извори од македонскиот парламент за Журнал.

Журнал, исто така, дознава дека законот за поранешните војници, семејствата на паднатите борци и воените инвалиди кој е изготвен од поранешни војници на УЧК, е веќе готов и поранешните војници очекуваат да влезе во собраниска процедура, а потоа, како што велат тие, работа на политичките партии е да го усвојат истиот.

Освен со претседателот на Собранието, Журнал дознава дека поранешните војници се сретнале и со народниот правобранител Иџет Мемети, со кој се консултирале за институционализирање на ова уставно право.