Македонија 18. April 2019. / 13:06

Жозеф Дол со поддршка за Сиљановска: Таа е вистинскиот кандидат за продолжување по евроатланската патека

Жозеф Дол со поддршка за Сиљановска: Таа е вистинскиот кандидат за продолжување по евроатланската патека

Претседателот на Европската Народна Партија, Жозеф Дол, даде јавна поддршка за кандидатот за претседател поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова.

Посакувам Силјановска да има силен резултат во првиот круг од претседателските избори. Силјановска е вистинскиот кандидат за зајакнување на економијата, независно судство и борба против корупцијата, предуслов за продолжување по евроатланската патека. Изборите треба да бидат слободни и фер, порача тој.