Македонија 01. јуни 2018. / 15:27

Зошто полициските службеници се попречени да преземаат дејствија во Арачиново?

Зошто полициските службеници се попречени да преземаат дејствија во Арачиново?

Министерството за внатрешни работи вчера проверувало дали полициското одделение во Арачиново има списи за казни. Од МВР утврдиле дека полицајците немаат задолжено, дознава „Макфакс“.

Иако побаравме одговор, МВР молчи за скандалот во полициското одделение. Полицаецот Дејан Саздов, вработен во ПО Арачиново, за „Макфакс“ вели дека по наредба на високи функционери од МВР, било забрането да ги добиваат казните. Според него, оваа практика со незадолжување списи е со години, односно по повторното отворање на одделението во Арачиново.

Со оваа одлука на функционерите на МВР, полицаецот Саздов тврди дека незаконски им се одзема дел од овластувањето на полициските службеници, а со тоа има привилигирани и непривилигирани делови од Скопје. Граѓаните од тој дел на Скопје барале полицијата да преземе мерки за безбедноста во сообраќајот, вели Саздов, кој додава дека ќе бара образложение од министерот Оливер Спасовски и директорот на БЈБ, Лазо Велковски, за тоа од кои причини полициските службеници се попречени да преземаат службени дејствија.