Македонија 13. март 2019. / 09:54

Зорица Чавкова: Обвинителството да обзнани доказ дека Чавков поседува вила на Халкидики и дека планирал бегство

Зорица Чавкова: Обвинителството да обзнани доказ дека Чавков поседува вила на Халкидики и дека планирал бегство

Вчера беше приведен Митко Чавков на кој му беше определен притвор од 30 дена, заради наводно бегство што го планирал. Денеска реагираше Зорица Чавкова ќерката на Митко Чавков на ваквото тврдење од обвинителството.

Го повикувам обвинителството јавно да ознани барем еден доказ со кој се поткрепува инфромацијата, од службената белешка на МВР, дека Чавков поседува вила на Халкидики, и дека планирал бегство. Верувам дека оваа белешка е измислена под притисок и закани од нарачателите и дека ќе се разоткријат истите. За овој случај ќе бидат известени сите меѓународни субјекти, сите амбасади, напиша Зорица Чавкова на Фејсбук.