Македонија 14. јули 2018. / 19:34

Зоран Заев во транс

Зоран Заев во транс

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев ќе присуствува на големата граѓанска прослава ,,Одиме напред – Македонија во НАТО и ЕУ“, во Битола, соопштија денеска од Влада.

Во 21:15 часот, пред хотел „Епинал“ во Битола, премиерот Зоран Заев ќе даде изјава за медиумите, се вели во соопштението.

Oна што Владата веќе трет ден не обелоденува е колку ќе платат граѓаните од свој џеб, за прославата која се подготвува денеска во 15 градови во Македонија.

Во меѓувреме, сеуште нема официјален одговор на прашањето: Колку ќе платат граѓаните за прославата во организација на Владата?