Директорот на финансова полиција, Арафат Муареми, потврди дека екс министерот за финансии, Зоран Ставрески, бил повикан на информативен разговор во финансова полиција минатата недела. Тој не обелодени во врска со кој предмет е повикан Ставрески, пишува Фокус.
Зоран Ставрески беше повикан во финансова полиција на информативен разговор за предмет кој е во предистражна постапка и истиот откако го даде исказот пред припадниците на финансиската полиција, си отиде изјави Муареми во интервју за „ТВ24“.
Ставрески беше осомничен во истрагата „Подарок“ на Специјалното јавно обвинителство.