Македонија 12. октомври 2020. / 12:00

Зоран Милевски – Кичеец денеска треба да оди во затвор

Зоран Милевски – Кичеец денеска треба да оди во затвор

Осудениот Зоран Милевски – Кичеец кој призна вина во предметот познат во јавноста како „Рекет“ денеска треба да се јави на издржување на казната затвор.

Тој треба да се јави во истражниот затвор во Шутка.

Нема инфомации дали Кичеец по некој основ побарал одлагање на затворската казна.

Осуден е на три годишна затворска казна, а делото го призна на првото рочиште од предметот, во кое неправосилно осудени се Бојан Јовановски на 9 и Катица Јанева на 7 годишна затворска казна.