Македонија 04. декември 2019. / 12:27

Зоки Милевски – Кичеец доби три години затвор

Зоки Милевски – Кичеец доби три години затвор

Третоосомничениот за случајот „Рекет“, Зоран Милевски – Кичеец доби три години затвор, пресуди Кривичниот суд во Скопје.

Милевски, за време на првото рочиште од судењето се изјасни за виновен.

Другите двајца обвинети, Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева пред судот се изјаснија дека не се виновни.