Најголемата глупост за оваа година е начинот на кој што оваа Влада се справува со Ковид пандемијата, изјави главниот и одговорен уредник на „Економски Лидер“ Љупчо Златев во емисијата „ Заспиј ако можеш“.
Прво не убедуваа дека се е под контрола, па ништо не беше под контрола. Воведоа карантин, кој важеше само за православните празници, а не и за муслиманските. Пред избори снемавме корона, видовме смешни избори, ДИК не можеше сајтот да го крене. Тогаш сакав да им го понудам на Лидер серверот. Па проверуваме на сајтови дали има или нема картичка. И потоа почнаа да експлодираат бројките , во меѓувреме нашата Влата успеа да ги пропадне бизнисите, а останатите не натеаа да бидеме зависни. Кога ќе ја укинат помошта, ќе се зголемува невработеноста. На крај тоа кулминираше со немање на вакцина во време кога сите набавија, изјави Златев.
Број два скандал е изјавата на Заев за Бугарија , па датумот што „го добивме“, па прославуваа со шампањско, за да на крај ни кажат ако сакате да влезете во ЕУ треба да станете Бугари. Која е разликата од окупатор или админстратор, праша Златев.
Бугарија треба под итно да престане да замара. Неможе јас да те тепам секој ден во школо, а ти да ме сакаш. Тие замараа и порано, но тогаш имавме политичари кои не штитеа. Заев ја отвори пандорината кутија и сега сме во еден хаос и какафонија, коха нема да престане во наредните десет до петнаесе години, кажа Заев.
Имаме новинари кои се под прогон, имаме ситуација со корупција во медими, како ова што се случи со 33 милиони евра со Телма, ситуацијата со медиумите е катастрофа. Преку пропаганда да се обидат да ја оцрнат опозицијата дека таа е виновна, вели Заев.
Гледате дека се врши секој ден атак , Мицкоски сакаат да ни го претстават како вампир. Мицкоски не е власт и не може да биде одговорен се додека не дојде на власт. Проблемот е што никој не ги критикува политиките на власта и последно од денес, Телма вади анкета во која стои дека Апасиев има поголем рејтин од Мицкоски. Се прави таа анкета која е фингирана, за да се дојде во ситуација Мицкоски да влезе во конфликт со Левица. Па, потоа вечерва Заев го прашува Апасиев дали биле договорени пред избори за поддршка на СДСМ, изјави Златев.
Најголемото суштинско промашување исто така според мене е улогата на Мила Царовска за идентитенско урнисување на оваа држава. Кога Мила Царовска беше министер за труд, концептот за социјална држава го водеа невладините организации, сега истите тие ни го креираат образовниот систем. Ќе ни го укинуваат предметот историја. Мила Царовска доаѓа со агенда за идентитетска промена, изјави Златев.