Новинарот и уредник на „Економски Лидер“ Љупчо Златев на својот Фејсбук профил пишува дека не мрази жени и дека Љупчо Златев се бори за секуларно општество ослободено од верските стеги.
–Во мојот пост нигде не е присутна омраза кон жените и затоа своите обвинувања министерката Царовска ќе треба да ги докаже на суд. Другите идиоти кои пишуваат не ги тужам. Оваа ја плаќам од мои пари и затоа ќе треба своите обвинувања да ги потврдува на суд.
П.С. Зборуваме за истата министерка на која Љупчо Златев и објави дека си дели тендери на сопругот – напиша Златев на својот Фејсбук-профил.