Новинарот и главен и одговорен уредник на Економски лидер, Љупчо Златев на својот Фејсбук профил најави дека наскоро започнува информативната и забавна програма на Радио Лидер. Порталот добива своја радио станица, а радио станицата ќе има свој портал.
–Почитувани пријатели,
Мојата новинарска кариера ја почнав сосем случајно пред десетена години. Работев во неколку еминентни и познати медиуми, а од 2018 го водам информативниот портал lider.mk.
Би сакал да ви се пофалам и да го изразам моето задоволство што овој медиумски проект добива уште поголема димензија. Од многу скоро, ќе почне информативната и забавната програма на Радио Лидер. Конечно, добивам шанса да водам медиум кој е радиодифузер.
Да, порталот ќе добие своја радио станица, а радио станицата ќе има свој портал!
Станицата има скопска фрекфенција, ФМ 107,4 а освен мене на фрекфенцијата ќе творат плејада на познати новинари но и дојаени на радио новинарството во нашата земја.
Освен радио ќе бидеме и онлајн телевизија, па сите наши емисии во живо ќе можете да ги следите на FACEBOOK и YOUTUBE!
Ќе ги кажуваме работите кои другите се плашат и да ги помислат! Ќе ви докажеме дека радиото не е мртво!
Наскоро ќе дознаете повеќе детали…, напиша Златев на Фејсбук.