Македонија 17. август 2020. / 21:11

Златев: На влада СДСМ – ДУИ најсреќни се ликови како Сашо Мијалков

Златев: На влада СДСМ – ДУИ најсреќни се ликови како Сашо Мијалков

Новинарот и уредник на „Економски лидер“,  Љупчо Златев на вечерашното издание на „Само вистина“ на Канал 5 зборуваше и за предвремените парламентарни избори. Според него никој нема легитимитет да биде власт во оваа земја бидејќи СДСМ победи со разлика од само двајца пратеници.

„Проблем при составувањето на оваа Влада, било кој од двата партнери да беше изоставен, ДУИ или СДСМ и да влезеа тука други субјекти на нивно место тоа ќе значеше дека идната Влада можеби ќе расклинкаше некој од криминалните структури кои 35 години владеат со оваа земја“, смета Златев.

Според него, за жал оваа реприза на 2016 година најмногу им одговара на оние кои 20тина години ја пљачкаат Македонија, независно дали е ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ на власт.

„На Влада СДСМ – ДУИ најсреќен е Сашо Мијалков. Од една единствена причина што тоа значи дека тој и понатаму ќе има 2900 проценти раст во неговите компании. Тоа ќе значи дека и понатаму Сашо Мијалков ќе биде главен во градов. Тоа ќе значи непречена работа на неговите десетици бизниси“, рече Златев.