На 29.09, во 09:30 часот ми е закажано рочиштето во кое ќе ме судат за оддавање на службена тајна, напиша главниот и одговорен уредник на ,, Економски Лидер”, Љупчо Златев на Фејсбук.
Службената тајна” која јас ја објавив во мојот медиум е дека еден вработен во УБК бил отстранет од работа само затоа што неговиот татко присуствувал на протестите против промеена на името.Она што јас го објавив е класичен јавен интерес и злоупотреба од страна на службите. Она за што јас пишував е класично кршење на човековите права и правото на протест!, напиша Златев на Фејсбук.
Тој додаде дека уште од сега има информација дека од судот било нарачано да добие условна казна, за во иднина да се плаши да објавува вакви злоупотреби од страна на службите.
Но, драги мои, кај мене тие методи не палат. Јас не само што не се плашам, туку по ваков притисок сум уште похрабар.Злоупотребите, злоделата и криминалот не може да бидат “Службена тајна”!!!, напиша Златев.