Македонија 24. февруари 2021. / 11:13

Златев до Коневски: Јас на криминални соработници не се извинувам!

Златев до Коневски: Јас на криминални соработници не се извинувам!

Ивица Коневски, поранешен градоначалник на Аеродром и близок соработник на криминалецот Сашо Мијалков ми го испратил ова писмо со барање за извршување на мојата домашна адреса во Аеродром, објави на социјалните мрежи главниот и одговорен уредник на Радио Лидер.

Коневски бара да му се извинам затоа што сум напишал “Ако полицијата ги претресува сите станови на Коневски, претресот ќе заврши во ноември.”.
Веднаш да кажам дека нема да му се извинам за оваа шега. Затоа што тоа не е мој стил (да го цитирам неговиот идол Мијалков) – не е мој стил да се извинувам на криминални соработници.
Се надевам дека откако ќе му помине изолацијата по средбата со Мијалков (кој ете вели имал симптоми на некој нов сој на Ковид кој удира по втор пат), ќе дојде на јавно соочување со мене.
Криминалот и криминалното подземје мора да паднат. Тужете ме слободно и пресудете ми. Јас не се плашам да живеам со блокирана сметка. Тоа е минимална жртва за слободата!, пишува Златев.

Ивица Коневски, поранешен градоначалник на Аеродром и близок соработник на криминалецот Сашо Мијалков ми го испратил ова…

Posted by Ljupcho Zlatev on Wednesday, February 24, 2021