Со граѓаните на Агино Село, Романовце и Пчиња, денеска се сретна членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски.
Од средбите со жителите на овие села, Ѓорѓиевски заклучи дека оваа влада не придонесе ништо да им го подобри животот.
„Вака веќе не оди, полошо е од било кога“, му кажуваа граѓаните, а тој им вети подобар живот по победата на претстојните избори.
– Денеска целото попладне го поминав заедно со граѓаните на Агино Село, Романовце и Пчиња. Мирни места во кумановскиот атар. Морам да признаам дека од куќа во куќа секаде каде што одевме и разговаравме сите едногласно потенцираа – „Вака веќе не оди, полошо е од било кога”.
Нема напредок на ниедно поле во државава, од проста причина што никој од оваа неспособна влада на СДСМ не работи.
Непотизам, беспарица, нарушени меѓучовечки односи, загрозена безбедност, поткопани национални чувства. Тоа се зборовите што сите ги кажуваат со скиснати лица.
Ви ветуваме, ќе биде добро. Никогаш не мирисало повеќе на победа како сега!
Ќе победиме! – напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.