Изминатата седмица прагот на информирање и алармирање од присуството на штетни честички во воздухот не е надминат на ниту едно место во државата, покажуваат податоците од Државниот автоматски систем за квалитет на амбиентен воздух.
За период од 06.06 до 12.04 годинава се забележува дека среднодневната гранична вредност за суспендирани честички со големина до 10 микрометри РМ10 (50 микрограми на метар кубен) е надмината на мерните места Лисиче, Ректорат, Битола 2, Кавадарци, Кичево, Куманово, Тетово и Велес 2.. Но, прагот од два последователни дена не е надминат на ниту едно мерно место во државата.
– Прагот на алармирање за РМ10 (2 последователни дена со среднодневни концентрации над 175 микрограми на метар кубен) не е надминат на ниту едно мерно места во државата, велат од Министерството за животна средина.