Македонија 21. јануари 2020. / 19:00

Зимата пројде, а Макрадули допрва ќе дели субвенции за инвертери

Зимата пројде, а Макрадули допрва ќе дели субвенции за инвертери

На два месеци пред завршувањето на зимата власта ќе го стартува долго најавуваниот проект за инвертор клими. Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули нагласи дека се расчистени се сите правни дилеми за реализација.

Со проектот на Владата се предвидува 10 илјади семејства од Скопје, Тетово, Битола и Кичево да добијат субвенции од по 1000 евра за купување инвертер клима во замена со печките на огревно дрво. Предност ќе имаат домаќинства со ниски приходи.

Власта најави дека ќе ги распредели ваучерите до крајот на минатата година. Зимата, пак, е во полн ек и ниските температури бараат сериозно загревање, а од друга страна, загаденоста на воздухот и натаму им создава сериозни проблем на голем дел од граѓаните, особено во најзагадените општини.