Новиот Народен правобранител, Насер Зибери, најави дека ќе бидат анализирани претставките од граѓаните кои ќе бидат казнети ако не ги примат попишувачите дома.
-Ќе ги истражуваме сите елементи на претставката и доколку бидат основани, истите ќе се процесуираат. Но, дозволете да ми кажам нешто друго кога е пописот во прашање. Перманентно сум бил поборник на ставот оти здравјето на граѓаните, општата здравствена состојба во земјата треба да биде на прво место. Затоа оваа многу значајна статистичка активност е потребна, но не може да биде над прашањето на здравјето на луѓето, рече Зибери.
Тој вели дека доколку епидемиолошката слика се влошува, надлежните органи треба да размислуваат за промена на времето за одржување на пописот.