Македонија 01. јуни 2020. / 09:12

Зголемување на бројот на заразени, најава за враќање на рестриктивните мерки?

Зголемување на бројот на заразени, најава за враќање на рестриктивните мерки?

Деновиве продолжуваат да растат новите случаи на заразени со Ковид-19. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 62 нови случаја, но и двајца починати.

Со вои е регистрирани нови случаи, вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид-19 во Македонија од почетокот на епидемијата до сега изнесува 2.226, починати се 133, а бројот на активни случаи во земјата изнесува 541.

По ваквиот развој на епидемијата, надлежните најавија можно повторно воведување на рестриктивни мерки за одредени општини и подрачја.

Таквоите рестриктивните мерки за одредени подрачја ќе зависат од почитувањето на мерките, најави техничкиот премиер Оливер Спасовски.

 

Ние најавивме пред неколку дена дека ригорозни мерки или рестриктивни се можни за одредени подрачја каде што има зголемен број на инфицирани граѓани. Тоа ќе зависи најмногу од граѓаните од почитувањето на мерките, оние кои што се во изолација заради тоа што се директни контакти од некој којшто е позитивен на Ковид-19, треба да останат таму и да ги почитуваат сите тие мерки – изјави Спасовски.