Македонија 30. мај 2019. / 22:20

Зетот на Катица Јанева станал член на Управниот одбор на Државна лотарија

Зетот на Катица Јанева станал член на Управниот одбор на Државна лотарија

Петар Поцков, внук на градоначалникот на Гевгелија Сашо Поцков и зет на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, е еден од членовите на Управниот одбор на Акционерското друштво за игри на среќа Државна лотарија, пишува Фокус.

Според тековната состојба на друштвото во државна сопственост, издадена од Централниот регистар, Поцков е еден од петмината членови на УО, покрај претседателката Катица Николовска – Прнаркова, Ѓорѓи Дамјановски, Благоја Лазаревски и Христа Најденов.

Членовите ова ова тело всушнсот ги избира Надзорниот одбор, во кој пак членуваат Бојан Јанев, Фатмир Рамаданоски, Бејназ Арифи, Александар Димитријоски, како и претседателката на младинската организација на ЛДП Моника Зајкова, избрани од страна на владата.

Според известувањето што на почетокот на годинава друштвото го пратила до Македонска берза, согласно обврската од Законот за хартии од вредност, Поцков е избран за член на УО на седница на НО оддржана минатата 2018 година.

Целиот текст на Фокус може да го прочитате ТУКА.