Жестока расправа на собраниската комисија за европски прашања за измените на Изборниот законик, пратениците од власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања, дофрлања и тропање по маси. Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Артан Груби неколкупати ја прекина расправата, поради непочитување на собранискиот Деловник од членовите на Комисијата.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски реагираше за ставањето на европско знаменце на предлог законот за измени на изборниот законик, што според него е спротивно на деловникот. Димовски рече дека треба да се затвори расправата, бидејќи како што истакна, оваа комисија не е матично тело за расправа, туку Комисијата за избори и именување.
Димовски тврди дека законот се носи без консултации со опозицијата.