Македонија 03. декември 2018. / 13:36

Жерновски: Со менувањето на Уставот нема веќе менување на границите

Жерновски: Со менувањето на Уставот нема веќе менување на границите

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, образложи денеска на собраниската седница за нацрт амандманите дека 35-тиот амандман на Уставот го затвора засекогаш прашањето на границите на Македонија.

Тој истакна дека кога Грција ќе го промени уставот и ќе вметне ваква реченица, со амандманот се гарантира дека границата со Грција ќе остане трајна и неповредлива.

-Македонија единствена во регионот го има решено прашање со границата и има направено демаркација. Ниту една држава во регионот го нема решено ова прашање. Ако гледаме внимаелно кои теми се отвораат во регионот, тоа се бити прашања, и ние ги затвораме еднаш заскогаш. Нема да има повеќе менување на границите. – рече Жерновски.