Македонија 25. јуни 2019. / 21:53

Земјоделците ги фрлаат праските и јаболките, а во Министерството за земјоделство се пијат коктели и се јаде

Земјоделците ги фрлаат праските и јаболките, а во Министерството за земјоделство се пијат коктели и се јаде

Со богата шветска маса и алкохол денеска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, вработените го испратија довчерашниот министер Љупчо Николоски и го пречекаа новиот – Трајан Димковски, пишува Република.

Од сè срце им благодарам на сите што дојдоа денеска во МЗШВ симболично да ги одбележиме бројните успеси кои ги постигнавме заедно во овие две години. Министерството го прават луѓето, мојот тим со кој секојдневно и неуморно работевме за да овозможиме подобри услови за нашите земјоделци. Ви благодарам за посветеноста и ви посакувам уште поголеми успеси во иднина, на чело со новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, порача на „Фејсбук“ Николоски.

Говор, дружба, исраќање, прегратки, јадење и пиење, додека оние во чија служба треба да бидат ги истураат плодовите на својата работа по улиците и реките.