Екс амбасадорот и политички аналитичар Арсим Зеколи прави паралела меѓу однесувањето на екс претседателот Иванов во 2015 година и на Пендаровски сега.
Зеколи бара на Пендаровски некој нека му објасни дека со игнорирање на реалноста поради шефот на СДСМ како што тоа го правеше Иванов со шефот на ВМРО-ДПМНЕ создава криза.
“Иванов од тензија направи криза кога ја игнорираше реалноста во општеството и ја преферираше лагата на Груевски.
Ти, момче, од тензија направи криза по ист терк на Иванов”, пишува Зеколи откако Пендаровски не прогласи уште една вонредна состојба затоа што не добил барање од Владата.