Анализирајќи ги случувањата во Македонија во изминатите неколку години, политичкиот аналитичар Арсим Зеколи во гостување на Канал 5, истакна дека власта ја искористила политичката ситуација и процесите што се случуваа за да се направат големи криминали.
Како пример, за такво нешто, Зеколо го наведе случајот „Рекет“, за кој вели дека е најголем криминал од таков тип во историјата на Македонија.
– Кога се бараше е Македонците да ја направат најголемата жртва се случи и најголемата пљачка и рекет во историјата на Македонија – изјави Зеколи.