Македонија 25. февруари 2019. / 15:36

Зеќири: Џафери да не ја префрла одговорноста на други

Зеќири: Џафери да не ја префрла одговорноста на други

Пратеникот од СДСМ, Мухамед Зеќири, ги отфрла обвинувањата дека тој е виновен што не се гласало за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски. Тврди дека не упатил навреди кон Џафери.

-Побарав да го прочита заклучокот за да гласаме пред полноќ, рече Зеќири.

Додаде дека немало ситуација што предизвикала потреба од прекинување на седницата.

Тој е искусен пратеник, знае да раководи и со потензични седници, рече Зеќири за Џафери и додаде дека одговорноста не треба да ја префрла на други.

Дали Џафери свесно одработи за ВМРО-ДПМНЕ, праша Зеќири, а во врска со идејата за поднесување интерпелација за собранискиот спикер рече дека дополнително ќе одлучуваат во пратеничката група.

Тој претходно преку „Фејсбук“ побара одговор зошто Џафери и ДУИ го спасиле Вељаноски.