Македонија 17. октомври 2018. / 22:03

Зеќири до Јанушев: Мијалков има помеки ставови од Вас!

Зеќири до Јанушев: Мијалков има помеки ставови од Вас!

Зеќири му се обрати на Јанушев во Топ Тема на Ваша Страна, дека целиот свет гледа во ВМРО-ДПМНЕ и бара одговорност од нив.

„Не можете да излезете од матрицата на Груевски и Мијалков, вие станавте дури и потврди од нив“, изјави Зеќири.

Зеќири го праша соговорникот Јанушев како би влегле во НАТО и ЕУ ако не го поддржиме Договорот? Тој додаде дека кој друг би имал легитимитет освен Собранието да го менува Уставот? „Ги почитуваме законите, референдумот беше консултативен“.

„Доколку не успее во Собрание, одиме на избори. Тоа се опциите кои се пред нас, нема трета“.