Македонија 22. април 2019. / 10:10

Зекири побара одговорност на дел од фунционерите на СДСМ и пензија за Ахмети

Зекири побара одговорност на дел од фунционерите на СДСМ и пензија за Ахмети

Пратеникот Мухамед Зекири по вчерашниот прв круг од претседателските избори разочаран побара пензија од Ахмети, но и одговорност од функционерите на СДСМ.

Горчлива победа. Резултатот поука за сите нас!!!

Граѓаните знаат да наградат, а и да казнат. Посебна честитка до гласачите Албанци кои дадоа поддршка за Стево Пендаровски, како и за извонредниот резултат и поддршката што ја доби кандидатот Блерим Река!!!

Граѓаните Албанци јасно демонстрираа дека е дојдено време од политичката сцена да се пензионира голем дел од политичката елита на Албанците во Република Северна Македонија!!!

Време е и за одговорност и на дел од функционери од нашата СДСМ!, стои во неговиот пост на Фејсбук.