Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири го обвини министерот за образование Арбер Адеми дека во училиштето во Чаир каде што учела неговата ќерка немало ниту еден час онлајн настава. Зекири вели дека не се точни изјавите на министерот дека онлајн настава има секаде.
Mинистерот Арбер Адеми изјавил денеска дека нема училиште каде не се одвива оnline настава. За жал реалноста е сосема друга, можеби министерот не е информиран како што треба. Во основното училиште Исмаил Ќемали во Чаир каде што учи и мојата ќерка, до денес не е одржан ниту еден час online настава. Ова информација може да ја проверат и потврдат и новинарите како и самиот министер, напиша Зекири.