Македонија 19. септември 2019. / 22:06

Зекири: Не штитиме никого во „Рекет“, кој и да е вмешан ќе одговара

Зекири: Не штитиме никого во „Рекет“, кој и да е вмешан ќе одговара

Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири во вечерашното гостување на „24 анализа“ заедно со пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, изјави дека власта нема намера никого да штити во случајот „Рекет“.

Не штитиме никого, тоа и јавно сме го кажале, ниту еден ќе штитиме ниту немаме намера да штитиме. Ако некој било кој и е да е, ќе си договара. Кој и да е вмешан треба да си одговара – изјави Зекири.

Зекири потенцираше дека ако СДСМ влијаело врз судството, сите од ВМРО-ДПМНЕ ќе биле уапсени.

На прашањето дали има фотографија со Бојан Јовановски, Зекири одговори – апсолутно не.