Македонија 05. април 2019. / 09:36

Зекири ќе бара смена на Талат Џафери

Зекири ќе бара смена на Талат Џафери

Талат Џафери треба побрзо да се освести што прави како претседател на Собранието, да не тера личен инает, а особено со постапките за (не)гласање за имунитетот на Трајко Вељаноски и со контрирањето на министерката Рената Дескоска за незакажување на седница за СЈО во време на изборната кампања, изјави пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири, на синоќешната дебата на ТВ 24.

-Размислувам да поднесам барање за смена на Талат Џафери од местото претседател на Собранието, рече Зекири и додаде дека ќе го држи за збор пратеникот Антонио Милошоски, кој рече дека ќе ја поддржи таквата интерпелација доколку биде поднесена од страна на СДСМ.