Пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири во дебата со пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на МРТ повторно го критикyваше поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи. Тој истакна дека поседуваат дoкaзи за злoупотреба на ИВЗ од актуелниот поглавар.
Антонио Милошоски и македонската јавност знаат многу добро, кога јас лично како пратеник на пратенички прашања го поставив прашањето дека државата мора да влезе и да проверува во верските заедници. Почнувајќи јас како припадник на исламската верска заедница побарав да се влезе во ИВЗ, затоа што верниците муслимани имаат и имаме дoкaзи за злоyпотреба на таа институција од сегашниот поглавар, изјави Зекири.