Македонија 24. April 2019. / 14:19

Зекири: Ако Алими и Груби зборуваат за правда, отидена е работата по ѓаволите

Зекири: Ако Алими и Груби зборуваат за правда, отидена е работата по ѓаволите

Жал ми е што не сум во Собрание денеска. Кога Ејуп Алими и Артан Груби зборат за правда или селективна правда, отидена е работата по ѓаволите!!!, сподели пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири на својот Фејсбук профил.

-Нека се сетат кој заедно со „началникот” поставуваше судии-нивните Муса Џафери и Блерим Беџети… А ИВЗ е посебна приказна, како што бива криминалци си бранат криминалци. Играта на ДУИ со ИВЗ е провидна и е обид да бараат изговори зошто не можат да испорачаат тоа што ветиле на изборите. Среќа што луѓето одамна не им веруваат ниту ним, ниту на РЕЗИЛИТЕ ОД ИВЗ“, додаде Зекири.