Македонија 20. мај 2019. / 12:12

Жбогар убеден дека Извештајот ќе препорача отворање на преговори

Жбогар убеден дека Извештајот ќе препорача отворање на преговори

Следната недела Европската комисија ќе го објави Извештајот за состојбите во земјата и мислам дека тој ќе го одразува огромниот напредок што беше постигнат во државата изминатата година.

-Јас сум убеден дека извештајот ќе препорача отворање преговори со Република Северна Македонија, рече денеска евроамабасадорот Самуел Жбогар, одговарајќи на прашањето на МИА дали земјава ќе добие позитивен извештај и датум за преговори.

Додаде дека одлуката за отворање на преговорите ја носат земјите членки на ЕУ врз основа на извештајот на ЕК.

– Таквата одлука очекуваме да се случи во јуни и се надеваме дека токму тоа ќе се случи. Сметам дека земјата во измината година навистина ја покажа својата посветеност на Европската Унија и на реформите. Се донесоа некои важни одлуки и опозицијата и Владата работат на многу важни закони и сметам дека имате со што да се пофалите и се надевам, исто така, дека ќе бидете пример во регионот за земја која е посветена на реформи, рече евроамбасадорот Жбогар, кој денеска беше во Струмица на културно-уметничкиот проект „Уметност и вода – магија на животот” што се одржа на Пречистителната станица за отпадни води.